Ако ви треба преведувач, јавете се во Службата за писмено и усно преведување на 131 450.
Зошто треба да се вакцинирате
Вакцините се безбедни и ефикасни во заштитата на луѓето да не станат многу болни од COVID-19. Важно е навреме да ги примите вакцините за да обезбедите максимална заштита од вирусот.
Како да се вакцинирате
Вакцини може да се примат кај:
- Доктори по општа пракса (GPs)
- Респираторна клиника од општа
- Аптеки
- Здравствени центри во заедницата.
Треба да разговарате со доктор по општа пракса ако имате претходно постоечки состојби или не сте сигурни колку дози ви се потребни.
Вакцините се бесплатни и за да се вакцинирате не ви е потребна Medicare картичка.
Кој може да се вакцинира
Право на вакцинирање имаат сите на возраст од 5 години и постари. Некои деца на возраст меѓу 6 месеци и 5 години ги исполнуваат условите за вакцинација ако имаат:
- нарушен имунитет
- попреченост
- повеќе здравствени состојби.
Нова бивалентна вакцина наменета за варијантите на Omicron е достапна како бустер доза за сите лица на возраст од 18 години и постари.
Разговарајте со доктор по општа пракса за тоа колку дози и која вакцина се препорачува за вас и за вашето дете. За повеќе информации, одете на Get vaccinated (Вакцинирајте .
После вашата вакцинација
Може да имате придружни ефекти како што се болка на местото каде што ја ставиле инјекцијата, замор, болки во мускулите, треска или тресење од студ, и болки во зглобовите. Придружните ефекти се нормална појава и знак дека вакцината делува. Тие обично се благи и исчезнуваат после еден или два дена.
Сериозни придружни ефекти се многу ретки. Јавете се на вашиот доктор ако сте загрижени или ако некој од придружните ефекти не поминал после неколку дена.
За вакцините против COVID-19
Сите вакцини мора да ги исполнуваат строгите безбедносни стандарди одредени од Australian Therapeutic Goods Administration (Австралиска администрација за терапевтски пред да можат да се користат во Австралија. Вакцините ги ставаат квалификувани здравствени стручни лица.
Во Австралија се достапни и одобрени за употреба 4 вакцини:
- Pfizer
- Moderna
- Novavax
- AstraZeneca
Луѓето можат да примат различни вакцини во зависност од нивната возраст и медицинска состојба. Разговарајте со доктор по општа пракса за да дознаете која вакцина е соодветна за вас.
Повеќе информации
Закажете термин да ја примите следната доза кај доктор по општа пракса или во локалната аптека користејќи ја алатката „vaccine clinic . За повеќе информации, јавете се на Националната линија за помош за коронавирус на 1800 020 080.
Reviewed 12 December 2022