Victoria government logo
coronavirus.vic.gov.au

Совети за здравјето (Health advice) - Македонски (Macedonian)

Совети за справување и заштита од COVID-19.

Ако ви треба преведувач, јавете се во Службата за писмено и усно преведување на 131 450.

Заштитете се себеси и другите од COVID-19

COVID-19 сè уште циркулира во заедницата. Тој сè уште може да предизвика некои луѓе многу да се разболат. Најдобриот начин да ги заштитите другите е да се заштитите себеси. Не можете да пренесете COVID ако не добиете COVID.

Тестирајте се

Останете дома и направете брз антигенски тест (RAT) ако:

  • имате симптоми како, на пример, нос што тече, болки во грлото, кашлица, треска или тресење од студ.
  • сте во контакт со некој што има COVID-19.

Ако тестот е негативен, треба да продолжите да користите брзи антигенски тестови во следните неколку дена и да останете дома додека не се повлечат симптомите.

Замолете доктор по општа пракса (GP) да ви направи PCR тест во случај да станете многу болни од COVID-19. Ако сте биле позитивни на PCR тест, не треба да го пријавите вашиот резултат.

Дознајте повеќе информации на Get a COVID-19 Test (Направете тест за COVID-19)External Link .

Грижете се за вашето здравје

Ако тестот за COVID-19 е позитивен, треба да се одморате и разговарате со доктор по општа пракса. Повеќето луѓе ќе имаат благи симптоми и можат да се опорават дома. Вие треба:

  • Да останете дома најмалку 5 дена. Да не одите на работа или училиште. Да не одите во болници, установи за нега на постари лица и служби за лица со попреченост.
  • Да носите маска ако мора да излезете од дома во итен случај. Најдобри маски се хируршките или N95.
  • Кажете им на луѓето со кои сте се сретнале неодамна или на местата каде што сте биле дека имате COVID.

Ако ви се влошат симптомите, треба да разговарате со доктор по општа пракса (GP).

Исто така, можете да се јавите на Националната линија за помош за коронавирусExternal Link на 1800 020 080.

Јавете се во викторискиот Virtual Emergency Department (Виртуелен оддел за итни случаи)External Link за итна нега, ако не сте во состојба да разговарате со доктор по општа пракса.

За итни случаи, јавете се на Три Нули (000).

Може да бидете заразни до 10 дена. Треба да останете дома ако ви тече носот, имате болки во грлото, кашлате, имате треска или се тресете од студ, се потите или дишењето ви е отежнато. Направете брз антигенски тест или, ако не сте сигурни, разговарајте со доктор по општа пракса.

Поддршка

За повеќе информации:

За да зборувате со некој:

Распрашајте се за лековите против COVID

Лековите против COVID спасуваат животи и спречуваат луѓето да станат многу болни од COVID-19. За да делуваат најдобро, тие треба да се земаат колку што е можно поскоро и во рок од 5 дена од почетокот на болеста.

Одговорете наовие прашањаExternal Link за да дознаете дали ги исполнувате условите за користење на лекови против COVID. Разговарајте со доктор по општа пракса ако мислите дека ги исполнувате условите. Докторот по општа пракса може да им помогне на луѓето кои ги исполнуваат условите брзо да добијат третман

За повеќе информации, погледнете на Antivirals and other medicines (Антивирусни и други лекови)External Link .

Носете маска

Маските можат да спречат да добиете COVID-19 и да го пренесувате на други. Маските треба да бидат квалитетни и добро припиени на лицето. Маските N95 и P2 (респиратори) обезбедуваат најголема заштита.

Треба да носите маска:

  • во јавен превоз, во затворен јавен простор и надвор на преполно место.
  • ако имате COVID-19 и мора да излезете од дома
  • ако вие или лице со кое сте, сте изложени на голем ризик многу да се разболите.

Децата на возраст од 2 години или помали не треба да носат маска, бидејќи постои ризик од давење и задушување.

За повеќе информации, видете на Face masks (Маски за лице)External Link .

Примете ја вашата следна доза на вакцина

Вакцините се најдобриот начин да се заштитите себеси и семејството од сериозна болест предизвикана од COVID-19. Треба навреме да ги примите вакцините што се препорачани за вас. Разговарајте со доктор по општа пракса за да дознаете колку дози се препорачуваат.

Сè уште треба да се вакцинирате ако сте имале COVID-19. Користете ја алатката „vaccine clinic finder“ (наоѓач на клиника за вакцинација)External Link за да закажете термин за примање на вашата следна доза кај доктор по општа пракса или во локалната аптека.

За повеќе информации, видете на COVID-19 vaccine (Вакцини против COVID-19)External Link .

Оставете да влегува свеж воздух

COVID-19 се шири во воздухот. Внесувањето на свеж воздух во затворен простор може да го намали ризикот од ширење на COVID-19. Кога се собирате со други во затворен простор, отворете ги вратите и прозорците кога тоа е можно. Ако не можете, можете да користите пренослив прочистувач на воздух (ХЕПА филтер) кој ги отстранува честичките од аеросолот од воздухот.

За повеќе информации, видете на Ventilation (Проветрување)External Link .

Закрепнување од COVID-19

Многу луѓе ќе се чувствуваат болни од COVID-19 откако повеќе не се заразни. Дадете му нега и време на телото за да може добро да закрепне.

Пред да ја примите следната доза од вакцината, треба да почекате 6 месеци после инфекцијата. Со тоа ќе се осигура да ја добиете најдобрата заштита против вирусот.

Може повторно да добиете COVID-19 само 4 недели откако ќе закрепнете. Ако имате симптоми 4 или повеќе недели откако сте биле заразени, треба да се тестирате.

Долг COVID е кога симптомите на COVID-19 траат повеќе од 3 месеци. Треба да го посетите вашиот доктор по општа пракса, кој може да ви помогне да ги контролирате вашите симптоми или да ве упати на специјалист доколку е тоа потребно.

Дознајте повеќе информации на Long COVID (Долг COVID)External Link .

Ако сте контакт

Изложени сте на ризик да се разболите од COVID-19 ако живеете или сте имале близок контакт со некој кој има позитивен резултат на тестот.

Треба да ги следите симптомите и да се тестирате редовно 7 дена по контакт со некој кој бил позитивен на тестот. Во текот на овој период, се препорачува:

  • да не одите во болници, установи за нега на постари лица и служби за лица со попреченост
  • да носите маска кога излегувате од дома, вклучително на јавен превоз и во затворен простор, на пример, на работа и училиште
  • кога е можно, да ги отворате прозорците за свеж воздух да влегува во затворени простории

За повеќе информации, видете на Checklist for contacts (Список за проверка за контакти)External Link .

Reviewed 04 August 2023

Coronavirus Hotline

Call the National Coronavirus Helpline if you have any questions about COVID-19.

Please keep Triple Zero (000) for emergencies only.

Was this page helpful?